Славниот италијански моден креатор Роберто Кавали ужива во љубовта со далеку помладата избраничка.
Покрај богатата модна кариера, Кавали има и бурен љубовен живот. Се женел два пати, има пет деца, а покрај годините кои ги има денес, ужива во љубовта како да е момче. Поради врската со Лина Нилсон, која е 47 години помлада од него, наидел на осуди. Во врска се од 2008 година, одмораат на луксузни дестинации, пловат со јахти, а нивните романтични моменти често се забележани од папараци.
Кавали често и подарува луксузни подароци, а за роденденот, како што се пишува, и купил приватен оствор во нејзината родна Шведска за која издвоил 2 милиони фунти. На островот се наоѓа вила со четири соби, базен, терен за голф но и остатоци од викиншка тврдина.
Извор: Супержена.б92.нет