Ја прогласиле за мртва, а седум часа подоцна се шокирале кога не ја нашле во мртовечница – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/21 7:04 PM

Ја прогласиле за мртва, а седум часа подоцна се шокирале кога не ја нашле во мртовечница

Зинаида Кононова (81) била прогласена за мртва после операција на црева во Русија.Нејзиното семејство било известено и почнале да го планираат погребот, а телото било префрлено во мртовечница во блиската болница во градот Горшенченска, на 14 август околу еден час после полноќ.

Речиси седум часа подоцна во осум часот наутро, вработената во мртовечницата „доживеала шок“, кога бабата ја затекнала испружена на подот.

Жената наводно паднала кога се обидела да се симне од масата во мртовечницата и да побегне, пишува Дејли стар.

Возачот на итната помош ја слушнал бабата кога влегувал во зградата и рекол дека исплашената вработена велела „бабо лежи, бабо, биди мирна“.

Помислил дека вработената полудела, но после видел како пензионерката ја фатила жената за рака и барала помош. Зинаида тогаш е префрлена на интензивна нега.

Како што подоцна раскажала нејзината внука Татјана, Зинаида 15 минути била мртва, а тогаш „буквално се вратила од оној свет“.

-Прво не ме препозна и не се сеќаваше на операцијата, но зборуваше за старите проблеми со коленото, раскажала Татјана.

Лекарот и анестезиологот подоцна признале дека Зинаида ја пратиле во мртовечница еден час и половина откако е прогласена за мртва, наместо за два како што налагаат правилата.

Извор: Информер.рс