Сонце на лицето и покриен со ќебе – како изгледале последните денови на принцот Филип во замокот – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/21 5:22 PM

Сонце на лицето и покриен со ќебе – како изгледале последните денови на принцот Филип во замокот

После повеќе од седум децении поминати во брак, кралицата Елизабета остана без својот сакан сопруг, принцот Филип, кој почина на 99 години.

Иако бил во тешка здравствена состојба, британските медиуми пишуваат дека кралицата и принцот уживале во времето кое му преостанало.

Последните недели спиел во поголемиот дел од денот, а имало и моменти на радост, пренесува Daily mail.

Еден таков момент се случил кога ги испуштил очилата, а слугата скокнал напрег да ги фати.

-Нема врска. Јас тоа ќе го направам – рекол војводата подигнувајќи ја раката. Така и направил, наведнувајќи се до подот.

Во една друга прилика кралицата дознала дека нејзиниот сопруг одбива да носи слушен апарат.

-Тоа значи дека ќе мораме да викнеме, додала кралицата.

Некои биле фокусирани на прославата на 100. Роденден во јуни, но тој бил сентиментален човек.

За него било многу важно да умре во домот во својот кревет, датумот бил неважен. А тоа да биде во дворецот Виндзор, каде што е родена неговата мајка псинцезата Алис, правнука на кралицата Викторија, било од бескрајно значење.

Последните денови често бил затворен во својата соба, а во неделите после пуштањето од болница минатиот месец, бил мирен и тивок.

Храна му носеле во послужавник, а тој често имал малку апетит.

Му се промениле некои навики, па така го откажал утринскиот чај во 7.30 часот кој собарот му го носел во собата, каде што меѓу ретките лични работи кои секогаш ги држел на виделина, се наоѓале две рамки со фотографии – една од неговата сопруга и другата од неговата мајка.

Интересно е дека меѓу семејните фотографии од децата и внуците кои секогаш ги чувал на канцелариската маса во Виндзор, имало и една од принцот Чарлс и принцезата Дајана направена на денот на нивната венчавка.

Оние денови кога се чувствувал доволно силно да излезе од својата соба, се облекувал во кошула и џемпер, пантолони и полирани чевли.

Кога времет било топло, замолил да му стават стол надвор за седење, каде што седел на сонце, со ќебе на нозете. Често и спиел таму.

Според пишувањата на „Daily mail“, принцот Филип имал една желба – бил одлучен да не го заврши својот живот во болница.

-Кога се врати во Виндзор, рекол дека веќе нема да се врати во болница, рекол помошникот.

Кога се чувствувал добро, зборувал со семејството и пријателите на телефон. Бил фрустриран од ограничувањето поради ковид. Не дошло до драматичен пад на неговото здравје, туку било постепено. Пред некое време, рекле дека Филип 2 „во добра форма“. Сеуште читал и пишувал писма.

Бил човек кој гордо се носел со својата кондиција и ретко се жалел. Напротив, не бил без болки.

Во петокот на 9.април, засекогаш го напушти овој свет.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Tanjug/AP