После седум години Шумахер пред камера – семејството даде согласност – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/21 3:57 PM

После седум години Шумахер пред камера – семејството даде согласност

Можеби и најдобриот возач на Формула I на сите времиња Михаел Шумахер доживеа несреќа во декември 2013 година и од тогаш малку или непотполно се знае во каква состојба е.

Наскоро околу тоа ќе се знае повеќе кога ќе се појави документарниот филм „Шумахер“, а како што пренесува британски „Експрес“, во таа прилика за прв пат од несреќата ќе може да се видат и приватни снимки од легендарниот возач после несреќата.

-Спортската суперѕвезда не е виден во јавноста уште од инцидентот на француските Алпи во декември 2013 година, кога првакот во Формула I се здоби со тешки повреди на мозокот. Моменталната состојба на Шумахер е непозната, бидејќи членовите на семејството и неговите најблиски луѓе избрале тоа да го задржат за себе.. Но, милиони навивачи на Шумахер сега ќе можат да го видат новата снимка од нивниот херој, како дел од најавениот документарец, пишува британски „Експрес“.

Извор: Србијаданас.ком