Ако постите, а сте љубител на благото, посната бајадера е одличен предлог. Лесно се подготвува,а вкусот е фантастичен.
Потребни состојки:
200 гр посен маргарин
200 гр шеќер
25 гр ванилин шеќер
170 гр соино млеко
400 гр посни мелени бисквити
250 гр кокос
За прелив:
180 гр посно чоколадо
40 мл масло
Подготовка:
Маргаринот, шеќерот, ванилин шеќер и млекото ставете ги на огин да се растопат. Во меѓувреме измешајте ги мелените бисквити со кокосот, па додајте ги во растопената смеса. Добро соединете. Тепсијата премачкајте ја со масло и во неа ставете ја добиената смеса. Добро распоредете.
Чоколадото растопете го со малку масло и со тој прелив прелијте го бисквитот. Ставете во фрижидер да стои два часа.
Извор: Информер.рс