Земјата привлече повеќе од 2,7 милиони странски посетители во 2019 година, но бројките паднаа повеќе од 80 отсто од почетокот на пандемијата со коронавирус во март 2020 година.
Со желба да ја оживее својата туристичка индустрија, Малта планира да им понуди на странските посетители и до 200 евра ако останат најмалку три дена на медитеранскиот остров ова лето, изјавил денес министерот за туризам Клејтон Бартоло.
Бартоло рекол дека кога повечето антипандемиски мерки ќе бидат укинати до 1 јуни, туристите кои резервирале летен одмор директно преку локалните хотели ќе им бидат подарени пари, пренесува Ројтерс.
Бартоло рекол дека туристите кои резервирале сместување во хотел со пет ѕвездички ќе добијат 100 евра од туристичката управа на Малта, а хотелот ќе додаде уште 100.
Оние кои ќе се одлучат за хотел со четири ѕвездички ќе добијат вкупно 150 евра, а оние кои ќе резервираат хотел со три ѕвездички ќе добијат 100 евра.
Податоците на Светскиот совет за патување и туризам покажуваат дека туристичката индустрија директно и индиректно чини повеќе од 27 отсто од економијата на Малта, но тој сектор сега е загрозен поради пандемијата од Ковид 19.
Извор: Телеграф.рс