Запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник, соопшти Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/21 3:26 PM

Запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник, соопшти Спасовски

Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици, заплени дрога во вредност од над 800.000 евра, а во акцијата е приведен висок полициски службеник, соопшти министерот Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

-Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот, напиша Спасовски.

Повеќе детали во врска со организираната акција се очекуваат во текот на денот.