Во главниот град на Босна и Херцеговина денес пред очите на јавноста беше официјализирана Регионалната лига во бокс, каде што ќе земат учество осум клубови од екс-ју просторите. Боксерите од Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Македонија ќе се соочат во рингот, а тимовите ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи.
Претставник на нашата земја ќе биде скопски Вардар и заедно со Лозница од Србија, Железничар од БиХ и Црногорски Соколи од Црна Гора во групата А ќе се обиде да оствари што е можно подобар резултат.
Во групата Б на мегдан ќе излезат тимовите на Радник, Црвена Ѕвезда, марибор и Хрватски Витези.