Мициќ во НБА од следната сезона – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/21 2:26 PM

Мициќ во НБА од следната сезона

Кошаркарот на турски Ефес, Василије Мициќ, следната сезона ќе се пресели од Европа во НБА лигата, пренесува „Sportando“.

Плејмејкерот на еден од подобрите колективи во Евролигата во последните години, ќе стави потпис на двогодишен договор со Оклахома Сити Тандер, тимот кој ионака ги поседуваше правата врз играчот.

По сезоните и насобраното искуство во Црвена Ѕвезда, Баерн Минхен, Мега, Тофаш и Жалгирис, Мициќ конечно ќе се обиде да пронајде „место под сонцето“  во најдобрата светска кошаркарска лига, придружувајќи им се на сонародниците Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица и Никола Јокиќ.

Мициќ во кампањата 2020/21 во Евролигата забележува 16.4 поени во просек по меч.

 

 

 

 

 

 

 

Фото:

Youtube