Злоупотреба на лични податоци и сомнежи за перење на пари од страна на обложувалниците, открила Државаната комисија за спречување корупција при проверка на имотно правна состојба на избрани и именувани функционери и вистинитоста на доставени податоци.
За ваквата состојба како што информираше ДКСК на денешната седнициа, ги информирале МВР, Финансиската полиција, Финансиското разузнавање, Управата за јавни приходи за да ги проверат сомнежите за евентуални малверзации од страна на оболожувалниците.
Од Финансиската полиција изјавиле дека не била само пријавата на ДКСК, туку и дека голем број на граѓани пријавиле за ваквата состојба и дека се постапува по пријавите, но за предистражната постапка по информриање на Јавното Обвинителство ќе ја информираат и ДКСК.
Од ДКСК сметаат дека има многу пропусти во Законот за среќа, и тие како Комисија предложуваат со цел надминување на ваквата ситуација, да побараат итно да се направи антикорупциска проверка на Законот за игри на среќа и да се направи проверка на законот за регулирање на исплатата во кеш. Како што информираа од ДКСК при проверка на случаи кои биле откриени за сомнителни, откриле злоупотреба на лични податоци на граѓани од страна на спортските обложувалници, како и индиција за можно перење на пари.
Како заклучот по оваа точка на седницата на Атикорупциска беше констатирано дека членовите на ДКСК треба брзо да реагираат, но исто така предложија и средби со надлежните институции.
Г.Д