Ердоган: заканувачкиот јазик на САД никому не е од полза – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 9:55 AM

Ердоган: заканувачкиот јазик на САД никому не е од полза

Јазикот на заканите кој го користат САД никому не е од полза, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по апсењето на американски пастор во Турција под обвинение за тероризам.

Говорејќи пред новинари во Анкара, Ердоган рече дека Турција нема да направи компромис во однос на независноста на судскиот систем и додаде дека забелешките на „евангелистичкото и ционистичкото мислење“ во САД се неприфатливи.

Тој исто така информира дека министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ќе разговара со американскиот државен секретар Мајк Помпео на маргините на состанокот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија во Сингапур.

 

Извор:МИА