Пријателите на легендарниот пејач велат дека очекуваат неговите деца, кои живеат во странство, да се појават за да го бараат својот дел од наследството, на кое и имаат право бидејќи тој ги признал.
После погребот на Предраг Живковиќ Тозовац ќе започне и борбата за неговото наследство.
Имотот кој познатиот пејач го стекнал во животот на оставинска расправа може да биде поделена помеѓу вонбрачните деца и сопругата Мима. Како што велат неговите пријатели, многу заработил бидејќи со децении бил еден од најдобрите и најуспешни пејачи, а имал и два стана и куќа. Како што и самиот Тозовац во една прилика рекол, неговите вонбрачни деца живеат во странство и скоро не доаѓале во Србија.
Тој избегнувал да зборува за нив, не само во јавност, туку и со пријателите, кои само знаат дека постојат, но ништо повеќе од тоа. Сите детали за тој однос ги знаела само неговата сопруга.
-Имам два вонбрачни синови, но тоа е моја приватна работа. Нека се тие живи и здрави, но моите синови се направени случајно. Еден живее во Америка и тој веќе има син Марко. Само да имав среќа да имам сто Срби на кои сум татко. Би бил најсреќен човек на светот, рекол пред девет години пејачот за српски Курир.
Тозовац долго не бил во контакт со синовите, а еден од нив, како што се зборувало на естрадата, го добил со една многу убава пејачка, која им се допаѓала на сите, но не била позната.
Извор: Курир.рс