Жена од Тексас, која имала најдолги нокти на светот, конечно може да отвори врата без страв дека може некој да и се скрши.
Ајана Вилијамс од Хјустон го собори Гинисовиот рекорд за најдолги нокти во 2017 година, кога и биле долги 580 сантиметри, односно 5,8 метри.
Кога правела маникир, и требало повеќе од две шишиња со лак и 20 часа работа.
Пред да ги пресече изминатиот викенд, ги измерила за последен пат – биле долги 7,3 метри, пренесува Си-ен-ен.
Извор: Телеграф.рс