Курдски бунтовници активирале рачно направена експлозивна направа на пат во југоисточна Турција, при што загинаа жена и дете, соопштија светските медиуми повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Нападот се случил доцна синоќа на пат во близина на Јуксекова, округот Хакјари, кој се граничи со Иран и Ирак.
Жената умрела на лице место, а нејзиниот 11-месечен син починал во болница. Тие се враќале од посета на сопругот на жената кој е наредник во турската армија.
Курдската работничка партија (ПКК) три децении води вооружена борба во претежно курдскиот југоисток. Во конфликтот досега загинаа десетици илјади луѓе. Турција и западните сојузници на Анкара ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Извор:МИА