Пекинг има најмногу милијадери во однос на било кој друг град во светот, покажуваат податоците на Форбс.
Пекинг минатата година добил 33 милијардери, така што во главниот град на Кина сега живеат вкупно 100. Со овој број Пекинг го надмина Њуројк кој е дом за 99 милијардери. Всушност Њујорк бил на врвот на листата во изминатите седум години.
Брзиот одговор на Кина во спречување на коронавирусот, растот на технолошки компании и берзи овозможи Пекинг да се пробие на првото место на листата на Форбс.
Иако Пекинг има повеќе милијардери од Њујорк, богатството на елитата во американскиот град е поголем од 80 милијарди долари.
Најбогатиот жител на Пекин е Цанг Јуминг, основач на апликацијата ТикТок и шеф на компанијата „ByteDance“, чие богатство се проценува на 35,6 милијарди долари. Најбогатиот човек на Њујорк е поранешниот градоначалник Мајкл Блумберг со богатство од 59 милијарди долари.
Извор: Србијаданас.рс