(ВИДЕО) Се тресеше кога го споменаа татко му, а тој не сака да направи ДНК – Заврши рочиштето за признавање татковство на Мирослав Илиќ – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/21 6:01 PM

(ВИДЕО) Се тресеше кога го споменаа татко му, а тој не сака да направи ДНК – Заврши рочиштето за признавање татковство на Мирослав Илиќ

Мирјана Антоновиќ, жената која тврди дека со пејачот Мирослав Илиќ има син Девин, а тој одбива да го признае, дошла утрово во Палатата на правдата околу 8 часот каде што се одржа парница по повод докажување на татковство.

Она што на сите им го привлекло вниманието е фактот дека Мирослав Илиќ не се појавил на закажаното рочиште.

Мајката и синот биле видно расположени со намера дека конечно ќе се реши ситуацијата која трае со децении.

-Судењето траеше три часа, бидејќи толку беше потребно. Мирјана почнала денес да дава изјава, но поради ограниченото време не стигнала до крај. Не смеам да кажам кога ќе продолжи судењето, бидејќи судијата и замерил жошто воопшто објавила на Фејсбук дека доаѓа во Белград на рочиште, рекол адвокатот на Мирјана за „Ало“.

-Немам коментар засега, рекол Девин на прашањето како се чувствува после денешното рочиште, а неговата мајка се надоврзала:

-Можете да замислите како се чувствува тој кога секогаш мора да доаѓа овде и да ја напушта својата работа поради судење.

Извор: Ало.рс