Почетокот на кариерата на некогашниот играч на Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид на „Ноу Камп“ не беше воопшто ветувачки. Францускиот репрезентативец не се вклопи во играта на Барселона, разочарувајќи ги фановите кои со години го посакуваа во своите редови.
Под палка на Куман, напаѓачот сезонава игра и повеќе од коректна сезона, постојано во функција на тимот, со единствена цел да се покори Шпанија. На 41 меч во сите конкуренции, Гризман забележа 14 погодоци и 11 асистенции, а неговата контрибуција најдобро се огледува во позицијата која тимот од Каталонија ја има на табелата и се наоѓа на само еден поен заостанување во однос на лидерот Атлетико Мадрид.
Денешната вест во врска со Антоан Гризман не е во корелација со фудбалската игра, но е со убав повод и уште пораритетен карактер. Имено, Французинот на осми април 2021 година стана татко по третпат. Првиот пат кога Гризман се оствари во улогата на родител беше во 2016 година, исто така на осми април. Три години подоцна, во 2019-та, Гризман го доби и второто дете на…осми април.
Неверојатната поврзаност со денешниот датум го покренува прашањата „како“ и „дали нешто Антоан знае што на обичниот свет не му е познато“. Во секој случај, „нека се живи и здрави“ и да го наследат талентот за фудбал на таткото.
Фото:
Twitter / @ESPNFC
д.ј