Во изминатото деноноќие во штипската Клиничка болница на Инфективното одделение починаа пет пациненти, од кои четворица од ковид – 19, додека петиот е негативен. Сите починати се од Штип. Најмладиот починат имал 48 години. Останатите се на возраст од 60,69,70 и 79-годишна возраст.
Во моментов со ковид – 19 се лекуваат вкупно 94 болни, од кои 47 се во модуларната болница, и 47 на Инфективното одделение. 45 од хоспитализиарните се зависни од кислород. Модуларната болница, каде има централен систем на кислород е цеосно пополнета, додека на Инфективното одделение има 10 слободни места.
Во Штип има 484 активни случаи на ковид – 19.