Денеска на Клиниката во Ниш почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев, кој беше во кома откако ја прими вакцината против коронавирус.
Дента кога д-р Ѓорчев заминал на вакцинација во Ниш, бил со неколку негови колеги доктори. Како што напиша тогаш неговиот син, пратеникот Влатко Ѓорчев, заминал со желба за имунизација, сакајќи повторно да се дружи со внуците и пријателите.
-Отиде без да ми каже, без да ми најави, а знам дека со месеци чекаше да се вакцинира во Скопје.
– Се надеваме и се молиме да му се подобри состојбата. Да отвори очи и да го преживее ова. Повторно да ги види своите деца и внуци, пишуваше Влатко Ѓорчев пред една недела.
Тој вечерва на својот Фејсбук профил со емотивна објава се прости од својот татко.
„Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома.
Владимир Анѓеко Ѓорчев, со сопругата – снаата Сузана и со децата – внуците Марта, Филип, Никола и Катерина“, напиша Ѓорчев.
Фото: Фејсбук