Постојат можности за несакани последици, но вакцината „АстраЗенека“ е ефективна во борбата со коронавирусот, соопштија од ЕМА – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/21 4:03 PM

Постојат можности за несакани последици, но вакцината „АстраЗенека“ е ефективна во борбата со коронавирусот, соопштија од ЕМА

Европската агенција за лекови денес на јавноста се обиде да даде одговор на некои нејаснотии поврзани со вакцината „АстраЗенека“, откако поради случаи со згрутчувања на крвта британско-шведската компанија го запре тестирањето на анти-ковид вакцината и дополнително го подгреа анти-вакс расположението кај одреден дел од популацијата во екот на пандемијата.

Од ЕМА соопштија дека самата вакцина била подложна на различни анализи во колаборација со експерти на полето и дека постојат можности за несакани последици и нус-појави, но тие се многу ретки. Следствено на тоа, уверуваат дека бенефитите од „АстраЗенека“ се далеку поголеми одошто потенцијалните аномалии.

-Ние тоа што го направивме со вакцината го направивме многу внимателно. Дискутиравме со различни експерти на полето и донесовме заклучок дека постојат можности за несакани ефекти од вакцинацијата со „АстраЗенека“. Внимателно ги анализиравме ризиците кои навистина се многу ретки, изјави д-р Сабина Штраус од Европската агенција за лекови.

Згрутчувањето на крвта, односно тромбоза на церебрален венски синус се појави кај луѓе од 60-годишна возраст, најчесто жени, а бројката на ваквите нус-појави е приближно 45 лица. И покрај тоа, од ЕМА убедени се дека вакцината на „АстраЗенека“ има превентивна природа и го штити здравјето на луѓето од Ковид-19.

-Ние имаме многу вакцини што во ЕУ земјите се покажуваат како ефективни. Ќе повториме уште еднаш, имаме идентификувано многу ретки случаи на нус-појави, но тие не треба да бидат пречка за употребата на вакцината затоа што таа може да донесе само бенефит. На каков начин се употребуваат и користат вакцините и те како зависи од различни земји и системи, велат од ЕМА.

Со оглед на тоа дека исклучоците не го потврдуваат правилото, ЕМА донесе одлука сепак да не ја ограничи употребата на вакцината „АстраЗенека“ на европско тло.

д.ј