Омразата и љубомората водат само до болести- Со д-р Драган Јованов за здравјето како услов за среќен и долг живот – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/22 10:00 AM

Омразата и љубомората водат само до болести- Со д-р Драган Јованов за здравјето како услов за среќен и долг живот

Секоја година денешниот ден се одбележува како Светски ден на здравјето. Годинашното мото „Нашата планета, нашето здравје“ и по тој повод разговараме за тоа како можеме фитомедицината да ја искористиме во полза на нашето здравје. Како може да го зајакнеме имунитетот со помош на фитотерапија, колку се лековити растенијата од нашето поднебје и дали треба да сме потрпеливи доколку сакаме да го зајакнеме организмот на овој начин се дел од прашањата за кои дискутираме со д-р Драган Јованов.

Во првото интервју за Македонски медиа сервис, објаснивте дека фитомедицината ги изучува лековитите својства на растенијата. Сега, кога луѓето трагаат по што е можно повеќе начини за да си го подобрат здравјето, дали расте свеста за придобивките од фитомедицината?  Какви совети најчесто бараат луѓето, што ги интересира?

Најпрво пожелно е да спречиме пред да лекуваме. Најдобро е кога секој од вас превентивно на лесен, едноставен, нескап, природен  и достапен начин би се погрижил за своето здравје. Виталноста и одржливоста на човечкиот организам е важен предуслов за извршување на многубројните секојдневни функции. Но дури и тогаш кога ќе се јави определен здравствен проблем, природните билни препарати се многу ефикасни за лекување.

Човекот е природно суштество, човечкиот организам најдобро, најефикасно и најбрзо реагира на природните лековити билки. Бидејки употребата во континуитет не’ прави отпорни на надворешните влијанија, го зајакнува имунитетот и не’ прави поиздржливи, така што, и во случај да дојде до заболување организамот ќе биде спремен да премине во фаза на самоодржување.

Љубовта кон татковината, кон македонската нација и кон она што го работам е извор на непресушен интерес и вложување во фито-медицината. Сакам да започнеме сите една нова фаза во нашите животи, една нова фаза, во која сите заедно со она што го поседуваме ќе си овозможиме среќен и доловечен живот. Она што го уништуваме, нема да може да ни помогне кога некоја болест ќе не’ уништува нас. Она што го чуваме, ќе не’ зачува и од најголемото зло кое може да го нападне нашето здравје.

Луѓето во последен период често ме прашуваат што да конзумираат од лековитите растенија за вируси, бактерии, прочистување на организмот од токсини, канцер, невролошки заболувања и друго.

Како можеме фитомедицината да ја искористиме во полза на зајакнување на имунитетот? Кои се генералните препораки за тоа како да го направиме организмот поотпорен, а метаболичките процеси подобри?

Современата фитомедицина не е ,,алтернативна медицина“ туку дел од научната медицина и ја чини основата за превенција и помош при одржување, подобрување и лечење на разни болести кои го напаѓаат организмот. Кога се лекувате со фитомедицински билни препарати треба да бидете трпеливи, бидејќи нивното делување е поспоро, но подобро, она што лесно се стекнува лесно и се губи, она што долго трае станува составен дел од нашата отпорност и издржливост.

Лековитите растенија можете да ги употребувате за сите здраствени проблеми, зависно од стадиумот и тежината на болеста, зависи и тоа колкав ефект ќе постигнете со нивна правилна, континуирана употреба. Со употреба на лековитите растенија  во организмот внесувате неопходни супстанци за вашето здравје (етерични масла, витамини, природни антиоксиданси, флавониди, минерали, ензими и др.) и задоволувате исклучиво важни сегменти од сложениот човечки биолошки систем, со тоа го зајакнувате вашиот организам, станува поотпорен, ги подобрувате метаболитичките процеси и ги отстранувате штетните материи од организмот и не постои  дефицит од најпотребните материи. Корисните состојки од лековитите растенија најчесто се наоѓаат само во еден дел од лековитото растение и тој дел се користи како билна дрога, но од лековитото растение за да ги извадиме сите корисни состојки најчесто ги потопуваме со вода.

Употребата на растителни лекови во лекување и превенција на болестите. Денешниот живот е многу непредвидлив, токму затоа треба да ни биде современата фито-медицина начин на живот, за да навремено и во секое време бидеме спремни да се соочиме со било каков предизвик. Така не само што ќе бидеме во чекор со современоста, туку и чекор понапред, спремни да одговориме соодветно на секој предизвик. Силата и сигурноста се во знаењето.

Што точно значи употребата на растенијата во полза на нашето здравје? Дали ова подразбира консумирање повеќе чаеви, повеќе салати или слично? 

Употребата на растенијата значи секојдевна употреба на чаеви, секој ден различен чај за комплетна заштита на организмот, исто така растенија кои можат да се конзумираат. Тоа е ползата од природата, која може премногу да ни помогне на долги животни стази.

Бидејќи често го промовирате здравиот начин на живот, кои според Вашите согледувања се најлошите навики, со кои буквално го измачуваме нашиот организам? Дали е тоа прескокнување на појадокот, недоволно физичка активност, ненаспаност или пак нешто друго?

Здрав начин на живот подразбира работа на себе, духовна психичка и физичка активност, конзумирање на сирова храна, конзумирање на што повеќе лековити растенија. Тоа е формула за здрав живот.

Какво е Вашето мислење за условите под нашето поднебје во однос на растенијатата и што е најквалитетно, со што може да се пофалиме?

Ние како земја кога говориме за лековити растенија имаме релативно чисти терени. Но како поминува времето, ние како луѓе самите ги уништуваме природните убавини, не внимаваме, секаде се фрла шут и отпад, се корне немилосрдно се’ што е здраво. Мој совет е да ја кренеме свеста на највисоко ниво и секако од сите лековити растенија во планинските предели да оставаме 20 % од површината со билки за да има репродукција цело време и да може на долги стази да имаме здравје сите кој ги конзумираме тие природни бенефити.

Колку лекувањето со помош на фитомедицината бара поголема трпеливост од страна на пациентите и дали се спремни на ова, наместо да го искористат навидум поедноставниот пат со хемиски препарати?

Лекувањето со фитотерапија е индувидуално зависно од болеста и зависно од стадиумот, фитотерапијата бара трпение, бара доверба, бара дисциплина и правилна терапија, само така ќе ги почувствуваме придобивките во целост.

Ова е веќе втора година како Светскиот ден се одбележува во услови на пандемија. Каква порака или апел ќе испратите до јавноста со цел зачувување на здравјето, што можеме да направиме за да се заштитиме себеси?

Да го смениме односот кон стресот, да внимаваме кои намирници ги конзумираме, фитотерапијата да ни биде начин на живот, рационално да ги користиме природните ресурси на нашата земја, што повеќе насмевки и добрина да шириме само така ке имаме нормален живот. Да се отстрани засекогаш омразата, љубомората и препреките кои се прават на други луѓе. Тоа само води до болести!

 

Вања Мицевска