Напредок од три места на ФИФА ранкингот: Македонија е 63-та фудбалска светска сила – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/21 2:21 PM

Напредок од три места на ФИФА ранкингот: Македонија е 63-та фудбалска светска сила

Победата над силната репрезентација на Германија во Дуизбург, во рамките на квалификациите за Мундијалот во Катар 2022, како и победата над Лихтенштајн во Скопје од 5:0, му донесоа напредок од три места на македонската фудбалска репрезентација на последното рангирање на ФИФА.

Сега Македонија од 65-тото место на ФИФА ранг листата скокна на 62-та позиција и се најде пред три балкански селекции, Словенија, Црна Гора и Албанија. Новото место помеѓу светските репрезентации му донесе на Македонија и 1.347 рејтинг поени.

Фудбалска сила број еден по поредокот на ФИФА останува Белгија, а зад неа се наоѓаат светскиот првак од Русија, Франција, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и изненадувањето Данска.