Испратени се дописи и побарани се детални извештаи за случајот од селото Емирица, кратовско и смртта на починатиот сточар од страна на градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР, одговори владиниот портпарол Мухамед Хоџа, на новинарско прашање.
„Човечкиот живот нема цена, а кога станува збор за спасување на човечки живот секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност. Во таа насоака од кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски веќе се испратени дописи и побарани се детални извештаи за случајот од градоначалникот на општина Кратово, од Центарот за управување со кризи и од МВР. За трагичниот настан од ЦУК и од МВР побарано е да биде спроведена внатрешна контрола. Интенцијата е расчистување на случајот , итно лоцирање на одговорноста и соодетни мерки“, вели Хоџа.
На новинарско прашање што се случи со ветените два санитетски хелихоптери кои требаше да бидат ставени на располагање за брзо спасување преку јавно приватно партнерство, а потоа ветеното не беше спроведено, и дали Владата има план како да се дојде до вакви возила односно хелихоптери кои ќе делуваат во непристапни предели, Хоџа истакна дека спроведувањето на таквиот договор не бил возможен поради пандемијата со Ковид 19.
„Воспоставување за јавно приватно партнерство за формирање современа модерна организација платформа како ефикасен носител на хелихоптерски итен медицински систем во РСМ и хелихоптерски услуги за пребарување и спасување е раскинат со одлука на 26 та седница на Владата на РСМ. Спроведувањето на договорот кој што налагаше обврски од двете страни на државата и операторот не беше возможно поради пандемијата со Ковид 19, односно да се спроведува и затоа е раскинат. Владата нема да се откаже и по завршување на кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19 ќе биде распишан нов оглас, штом ќе биде донесена одлука за распишување на повикот јавноста исто така ќе биде информирана“, вели Хоџа.
Г.Д