Како да го зајакнеме имунитетот сега кога коронавирусот зема замав: Д-р Тиодоровиќ објаснува што се’ ни е потребно  – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/21 11:53 AM

Како да го зајакнеме имунитетот сега кога коронавирусот зема замав: Д-р Тиодоровиќ објаснува што се’ ни е потребно 

 

Организмот уште со самото раѓање е изложен на бројни фактори кои предизвикуваат болести, а одамна е утврдено дека во борбата со вирусите и бактериите правилната исхрана има неспорно важна улога. Намирниците кои се наоѓаат во нашата чинија треба да ја поддржуваат работата на имуниот систем, кој ја обезбедува главната заштита од сезонските инфекции, а придонесува и за полесно справување со коронавирусот. За одржување на здравјето, исклучително важни се макро и микро нутриентите, но и фитохемикалиите. Сите тие треба да поминат низ нашиот систем на варење, кој е најголем „градител“ на имунитетот во организмот. Затоа воопшто не се неважни дискусиите за тоа што треба да внесуваме, посебно во овие денови кога короната зема замав. Потребно е да внесуваме повеќе витамини и минерални, но и да обрнеме внимание на она што треба да го елиминираме – советува професор д-р Бранислав Тиодоровиќ.

Создавањето здрави навики во однос на исхраната е сигурен пат кон зајакнување на имунитетот. Задолжително секој ден конзумирајте здрава храна, не прекокнувајте ги оброците, нека бидат здрави и свежи, за да може вашиот организам да се избори со вирусот.

„Се’ што ни е потребно веќе може да се најде на тезгите по пазарите. Секојдневно треба да внесуваме овошје и зеленчук, храна која изобилува со витамини. Овде не треба ни да се потценува зимницата, киселата зелка и туршијата изобилуваат со витамин Ц, кој во овие моменти е особено важен. Поборник сум за тоа и другите витамини да се внесуваат по природен пат, а да се одбегнува брзата храна“, додава д-р Тиодоровиќ.

Тој потенцира дека за борбата против вирусите воопшто, важно е да се јаде и месо:

„Се’ повеќе се зборува за тоа дека треба да се конзумира чорба со коски барем два пати неделно, бидејќи тоа е најдобар извор на колаген, а кога ќе се разложи колагенот се формира желатин кој ни помага да се бориме против алергиите“.

Докторот советува дека во овој период е оправдан и внесот на суплементи за витамин Д.

„Рибата, јајцата, сирењето и печурките имаат витамин Д“, додава тој.

Тиодоровиќ потенцира дека е важна и подготовката на оброците, па затоа е важно овошјето и зеленчукот добро да се измијат, а главните оброци да се готват во вашата кујна, па дури и од она што сте го приготвиле дома, добро е да си земете за на работа. Кога јадете џвакајте добро, за да може храната да се свари што подобро во вашиот гастроинтестинален тракт, со што нема да чувствувате надуеност во стомакот – додава тој.

Покрај правилната исхрана, секако е важно да ја одржувате и хигиената. Ако некој има симптоми на ковид-19, мора да остане дома за да се заштити и себе и другите – заклучува докторот.

 

Извор: pravda.rs