(Видео) „Историска вечер„ во завеана Далмација – Прв снег во април во историјата – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/21 7:49 AM

(Видео) „Историска вечер„ во завеана Далмација – Прв снег во април во историјата

Вчера вечерта  во Сплит беше „историски“, кога станува збор за времето, бидејќи во тој град падна снег.

Во најстудениот момент од вечерта, температурата на официјалната станица ДХМЗ беше -4 степени Целзиусови, што е само нешто повеќе од апсолутниот минимум за април, што беше забележан на 8 април 2003 година, според Индекс.хр.

Снег паѓаше не само во Сплит, туку и во цела Далмација.  Снежната покривка е прва покривка во април во познатата историја, пишува Далмација Данас.

Фото: Telegraf.rs