Матијас Морла, адвокат на Диего Марадона, открил низа непознати детали од животот на славниот фудбалер кој почина кон крајот на ноември минатата година.
Морла изјавил дека ќерките Далма и Џанина го издале татко си и немале контакт со него последните години.
-Марадона ја сакаше поранешната партнерка Росио Олива, а јас се борев до крај со неговите ќерки Далма и Џанина чувствуваше дека го издадоа и крадеа. Со Диего бев во последните седум година и во тие седум години гледаше во својот телефон и никогаш на Божиќ не го побараа, открил Морла.
Адвокатот посебно истакнал дека славниот фудбалер посебно го погодило имаето кое го добила неговата внука.
- Зарем не сте виделе колку Диего беше разочаран што Далма и даде на својата ќерка име Рома? Го прашав: Диего што е тоа, Рома е ривал на Наполи? Освен сестрите, сите други го напуштија. Марадона е напуштен, умре во самотија… Не беше луд, иако имаше често проблеми со зависноста од наркотици. Сестрите ми зборуваа дека сум негово сонце, а неговите ќерки ме нарекуваа крадец. Девојките не ме сакаат уште од 2014 година кога со Марадона ги откажавме во 2014 нивните кредитни картички. Се бореа против мене затоа што го крадеа. Алкохолот му беше бегство од реалноста, тврди Морла.
Од друга страна, Марадона не можел да ја преболи разделбата со Росио Олива.
-Кога Росио го остави, тој не можеше тоа да го надмине. Беше опседнат со неа, тоа го уби. Ме прашувате што го уби, ви кажувам, Росио Олива, карантинот и медицинскиот тим кој е под истрага. Ситуацијата дека беше заљубен во жена која не го сакаше многу го болеше, заклучил адвокатот на Марадона.
Диего Марадона почина на 25.ноември минатата година на 61 година.
Извор: Пинк.рс