Нуспојави кои покажуваат дека вакцината делува – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 5:19 PM

Нуспојави кои покажуваат дека вакцината делува

Милиони луѓе кои ја примија вакцината против Ковид 19 искусиле нуспојави и тоа е добар показател дека имунолошкиот систем се спрема да одговори во случај на зараза, но ако таквите знаци ги нема, нема простор за грижа, велат експертите.

Немањето реакција не значи дека личноста е незаштитена, така што нема причина за загрижување, рекле тројца експерти, Пол Офит, управник на Центарот за вакцини при Детската болница во Филаделфија, д-р Глен Рал, имунолог од „Fox Chase“, центарот за карцином, исто така од Филаделфија и д-р Сара Колс од Универитетот „Arizona Collage of Medicine“.

-Вакцината делува и во случај да нема нуспојави, рекла д-р Колс и нагласила дека „многумина имаат нуспојави, а многу не“.

Отсуството на главоболка или покачена температура не е причина за загриженост, рекол Пол Офит и објаснил:

-Сигурно е дека не морате да имате нуспојави за да знаете дека сте заштитени.

Со други зборови и двете појави, штитење на имунитетот и нуспојавите се резултат на забавување во имунолошкиот систем после вакцината.

Но само затоа што првобитното воспаление успешно стимулира производство на антитела и други видови на одбрана против болеста, не значи дека нужно мора да предизвика и покачена температура.

Нема строги корелации меѓу двете работи, вели д-р Колс, претседател на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за семејни лекари.

И многу други модерни вакцини предизвикуваат малку нуспојави, ако воопшто ги предизвикуваат, па сепак добро делуваат, рекол Рал, кантавтор на Принципи на вирусологија.

Извор: Rs.n1info.com