Кон рекреативното место Бањиче започнаа да се прават каскадни системи – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 2:14 PM

Кон рекреативното место Бањиче започнаа да се прават каскадни системи

Кон рекреативното место Бањиче започнаа да се прават каскадни системи, проект кој ќе спречи понатамошни ерозивни процеси во овој предел. Граѓаните го поздравија ваквиот чекор кој според нив е задоцнет. Превентивата требало да биде најважна.

Од Општина Тетово, велат недостасувале средства за реалиција на проектот за заштита на ова место од свлечишта на земјата. Добро е што конечно започнаа активности за стабилизирање на земјата.

Се работи за предел од околу 3 километри кој води кон рекреативното место Бањиче каде пред 3 години патот се реконструираше и прошири, но и се изгради нова пешачка зона, не земајќи предвид дека секоја градежна активност на овој предел и поместување на земјата може да предизвика и нејзина нестабилност.

Зоран Димовски