Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан, позитивен е на Ковид-19 и ќе го пропушти вечерашниот воведен дуел од 1/4 финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул, соопштија од „кралскиот клуб“.
Французинот ќе се повлече во изолација следејќи ги здравствените протоколи и мерки и ќе биде надвор од терените извесно време. Главоболките на Зинедин Зидан станаа поголеми пред круцијалниот дел од сезоната, откако поради повреда го загуби и капитенот Серхио Рамос.
Мадриѓаните против англискиот првак, но и против Барселона викендов во „Ел Класико“, едно од поважните во последните неколку години, со оглед на ситуацијата на табелата и малата бодовна оддалеченост помеѓу двете екипи, ќе мора да настапи без двајцата главни играчи од одбраната.
Се очекува Начо и Милитао вечерва да ги заземат местата на централните позиции во дефанзивата.
Фото:
еurosport.com