Голема полициска акција во тек: Десетина полициски службеници уапсени поради фалсификување патни исправи и лични документи – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 12:25 PM

Голема полициска акција во тек: Десетина полициски службеници уапсени поради фалсификување патни исправи и лични документи

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдија за МИА од МВР и најавија детали по нејзиното завршување.

По повеќе од  година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група,  посочуваат извори од МВР, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Според истите извори вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија” за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.

 

 

 

 

Извор:

mia.mk