Новите мерки се во пресрет на празниците да не дојде до преоптеретување на здравствен систем, рече Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 10:54 AM

Новите мерки се во пресрет на празниците да не дојде до преоптеретување на здравствен систем, рече Филипче

Денес започнуваат нови рестриктивни мерки кои ќе важат во следните две недели, целта е да се заштити здравјето на граѓаните и здравствениот систем, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека во изминатиот период имало голем наплив на пациенти во болниците, со тоа што е интервенирано со дополнителни одделенија, инсталирање на кислород, кадарот по систем на ротација.

„Сега сме во период кога е преоптеретен здравствениот систем, а пред нас се празници имајќи го искуството од минатата година кога конкретно рамазанските пости , еве сега и Велигден се погодува во истиот период со што ја искомплицираа и усложнија епидемиолошката состојба. Сметаме дека доколку тоа се случи со веќе преоптеретен здравствен систем тоа ќе биде кризна ситуација, нешто што навистина тешко ќе се менаџира и тоа е причината зошто воведуваме дополнителни рестриктивни мерки со цел овој слен тренд и најсилен досега бран да го завршиме“, изјави Филипче.

Вчера во салата „Борис Трајковски“ на почетокот на масовната имунизација вакцинирани се околу 2500 граѓани и како што министерот за здравство продолжува оној систем на имунизација во сите здравствени домови ширум нашата држава на возрасната категорија граѓани над 77 години.

„Како доаѓаат вакцините ќе се дополнуваат овие системи, ќе се намалува возрасната граница, возрасните граѓани ќе бидат повикувани преку матичните лекари, а по системот на закажување и пријавување во институциите ќе се зголемува и бројот на граѓани кои што ќе се вакцинираат тука во салата „Борис Трајковски“. Бројот што сакаме да го постигнеме е да имаме околу  7000 вакцинирани граѓани на ден“, истакна Филипче.

Осмата недела од овој бран го први своето, во однос на болничките капацитети, во текот на вчерашниот ден имаше приближно број слично како и во претходните два дена, многу помалку од што засега беше пикот, а тоа беше на 1 ви април, вели министерот.

„Искрено се надевам дека нема да има уште едно такво изнендаување. Доволно слободни капацитети има и во Клиничкиот центар и во Болницата за рехабилитација во Козле која што е целосно спремна со кадар, централен довод на кислород да прими пациенти. Имаме три – четири критични градови согласно анализата на инциденцата на заразата тоа се Куманово, Битола, Кичево и Тетово“, рече Филипче.

Г.Д