Северна Кореја го откажа учеството на Олимпијадата во Токио – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 10:39 AM

Северна Кореја го откажа учеството на Олимпијадата во Токио

Министерството за спорт денес објави дека Северна Кореја го откажува учеството на Олимписките игри во Токио оваа година. Причината за повлекувањето од Олимпијадата е заштитата на здравјето на спортистите од пандемијата на коронавирусот.

Северна Кореја е првата земја која официјално се откажа од големиот спортски собир, а според шпекулациите во јавноста и други земји сериозно ја преиспитуваат одлуката за партиципација на Токио 2020.

Олимписките игри минатата година беа одложени, но беа и доведени до знак прашалник и за оваа календарска година. Сепак, тие ќе се одржат од 23 јули до осми август, следејќи ги строгите безбедносни и епидемиолошки мерки.

Фото:
theguardian.com