Во напад на проруските сепаратисти во Донбас загина еден украински војник – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 10:14 AM

Во напад на проруските сепаратисти во Донбас загина еден украински војник

Еден украински војник го загуби животот вчера како резултат на отворање на оган од страна на проруските сепаратисти во регионот Донбас, на истокот на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Украинските вооружени сили се наведува дека претставниците на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) се информирани за нападот.

Се истакнува дека еден украински војник бил сериозно повреден во огнот отворен од сепаратистите во областа Авдијивка, во Донбас, и дека починал во болницата каде што бил пренесен.

– Тензичност на украинско-руската граница –

Во својот говор во Парламентот на 30 март, украинскиот началник на Генералштабот, Руслан Хомчак, соопшти дека Руските вооружени сили испратиле трупи на границите на Украина под изговор дека ќе бидат реализирани воени вежби.

Во врска со решавањето на кризата во регионот Донбас, Трилатералната контакт група, составена од Русија, Украина и ОБСЕ, донесе сеопфатна одлука за прекин на огнот на 27 јули 2020 година.

Од 2014 година, над 13.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу администрацијата на Киев и проруските сепаратисти, кои прогласија таканаречена независност во регионот.