Најмалку 15 повредени во железничка несреќа во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 6:57 AM

Најмалку 15 повредени во железничка несреќа во Белград

Најмалку 15 лица се повредени во судар на воз и товарна машина во белградската населба Рипањ, јавија локалните медиуми.

Портпаролот на Брзата помош Мирко Лутовац за Танјуг изјави дека на терен се два лекарски и еден транспортен тим. Некои од српските медиуми јавија дека ниту еден од повредените не е во животна опасност.

Инцидентот се случил на пругата кај тунелот во Рипањ, кога се судриле патнички воз и товарна градежна машина.

Полицијата е на терен, а железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.

 

Извор:МИА