(ВИДЕО) Повеќе од 150 мртви по циклонот и поплавите во Индонезија и Источен Тимор – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/21 9:03 AM

(ВИДЕО) Повеќе од 150 мртви по циклонот и поплавите во Индонезија и Источен Тимор

Напорите на спасувачките екипи се попречени од временските услови, растојанието до погодените области и блокадите на патиштата Спасувачките екипи во источна Индонезија денеска ископуваат подрачја погодени од свлечиште во потрага по 21 лице за кое се верува дека е закопано за време на катастрофата предизвикана од поплави и циклон што го погоди и соседен Источен Тимор.

Десетина села беа погодени од свлечишта што ги предизвикаа обилните дождови на островот Лембата, а според Националната агенција за ублажување на катастрофи, најмалку 67 лица го загубија животот.

Одрони, поплави и тропски циклон убија најмалку 128 лица на неколку острови во Индонезија и 27 во Источен Тимор, додека илјадници се евакуирани бидејќи нивните домови се уништени.

Индонезиските власти за катастрофата велат дека најмалку 72 лица се водат за исчезнати.

Напорите на спасувачките екипи се попречени од временските услови, оддалеченоста од погодените области и блокадите на патиштата.

Преземено од: https://www.vijesti.me/
Фотографија: Reuters