Едно лице повредено при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 6:54 AM

Едно лице повредено при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил

Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајната незгода била на регионалниот пат   Неготино – село Лакавица.

– Тракторот марка „ИМТ 539“ со неготински регистарски броеви бил управуван од Ж.П.(65) од село Пепелиште неготинско, а патничкиот автомобил марка „фолјсфаген голф“ со неготински регистарски броеви го управувал Г.Г.(40) од Неготино, појаснува Додевски.

Во незгодата бил повреден возачот на тракторот и тој по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, бил пренесен на лекување во Ургентниот центар – Скопје.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино. 

 

Извор:МИА