Во А1 арена се вакцинираат околу 300 лица на час, утре на ред МВР и АРМ, објави Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 7:57 PM

Во А1 арена се вакцинираат околу 300 лица на час, утре на ред МВР и АРМ, објави Филипче

Одлично помина првиот ден од вакцинацијата во А1 арената- Борис Трајковски, објави вечерва на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.

– Во просек се вакцинираат околу 300 лица на час или околу 3000 дневно. Денес се вакцинираа дел од здравствените работници како и еден дел од припадници на МВР. Утре продолжува вакцинацијата на МВР и започнува на припадниците на АРМ. Колегите ме информираат дека целиот систем функционира беспрекорно и тоа многу ме радува. Да бидеме максимално претпазливи во неделите што следат и да ги почитуваме мерките без исклучок, објави Филипче.

Тој потсети дека од утре стапуваат на сила поригорозни мерки и повика сите да го дадеме својот придонес во битката со пандемијата.

МИА