Инфективното одделение во Велес полно, речиси исполнетa и модуларната болница – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 6:21 PM

Инфективното одделение во Велес полно, речиси исполнетa и модуларната болница

Инфективното одделение во Велес со 54 кревети веќе една недела е преполно, а во Модуларната болница која располага со 47 кревети, има 40 пациенти.

Портпаролката на Болницата, Елеонора Јованова вели дека бројот на нови потешки случаи со Ковид-19 од ден во ден се повеќе расте.

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 99, од кои 90 се потврдени позитивни, 6 сомнителни и 3 пациенти со негативен брис, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 49 пациенти, што, според докторка Јованова, значи дека половина се пациенти во потешка здравствена состојба.

– Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест. Почината е  пациентка на 79 годишна возраст од село Мустафино позитивна, лекувана три дена во Модуларната болница. На Интерно Б крак сместени се пет пациенти, сомнителни или пациенти со потешки последици по прележан Ковид-19, појаснува д-р Јованова.

МИА