Колку милиони долари заработила Опра од интервјуто со Меган и Хари – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 5:38 PM

Колку милиони долари заработила Опра од интервјуто со Меган и Хари

Интервјуто кое водителката Опра Винфри го направи со Меган Маркл и Хари веќе еден месец е главна тема во светските медиуми, а таа од истото заработила ни помалку, ни повеќе, туку седум милиони долари.

Правата на емитување на ексклузивното интервју со британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, Опра го продала на станицата „CBS“ за седум милиони долари, но како што пишуваат странските медиуми, водителката и понатаму „ги собира плодовите“и на нејзината сметка ќе биде побогата за уште најмалку 10 милиони долари.

Во двочасовното интервју, кое е емитувано на телевизијата „CBS“, парот зборуваше за расизмот и дисфункционалноста на кралското семејство.

Целото интервју го прателе во живо, според проценките на компанијата Нилсен, 17 милиони гледачи. Иако е емитувано во ударен термин, овој број на гледачи се смета навистина голем.

Во интервјуто Меган рекла дека размислува за самоубиство, додека Хари Хари рекол дека тој и неговото семејство се чувствувале „заробено“ додека биле членови на кралското семејство.

Извор: rs.n1info.com