Пожар на грчкиот остров Закинтос – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 6:33 AM

Пожар на грчкиот остров Закинтос

– Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер.

Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири со два огнени фронта.

Во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број пожарникари, на кои од воздух им помага и хеликоптер.

 

Извор:МИА