КК Гостивар ja раскина соработката со Марјан Србиноски – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 2:11 PM

КК Гостивар ja раскина соработката со Марјан Србиноски

КК Гостивар денес ја раскина соработката со „својот“ гостиварец, Марјан Србиноски, по разочарувачката сезона во домашното првенство. Гостиварскиот клуб во услови кога Работнички и МЗТ Скопје имаат дополнителни обврски во АБА 2 лигата, не успеа да го преземе нивниот примат и да стане главен кандидат за трофејот во кампањата 2020/21. Напротив, гостиварците по 19 одиграни мечеви се наоѓаат на петтата позиција на табелата со 29 поени.

Поразот од вториот тим на МЗТ Скопје викендов беше „капката која ја прели чашата“ и челниците на тимот од „Младост“ решија да донесат промена во стручниот штаб.

-Чест и задоволство ни беше што изминатите години го имавме нашиот гостиварец Србиноски на клупата. Неговиот придонес вечно ќе остане врежан во историјата на клубот. На Марче му посакуваме големи успеси во понатамошниот тек на кариерата и животот со надеж дека некогаш во иднина повторно ќе ни се вкрстат патиштата, стоеше во соопштението на клубот.

Србиноски на глупата на КК Гостивар седна во 2017-та година.