Охрид добива нова автобуска станица – ММС
ММС

Објавено на: 08/1/18 6:26 AM

Охрид добива нова автобуска станица

Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид ќе присуствува на пуштање во употреба на нова автобуска станица, инвестиција на транспортната компанија „Делфина Турс“.

Во рамки на автобуската станица, денеска ќе почне и изградба на трговски центар.

На настанот се најавени обраќања на премиерот Заев, градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, како и сопственикот на „Делфина Турс“ Аднан Исмаил.

Изградбата на автобуската почна во ноември 2016 година, согласно Договорот помеѓу општина Охрид и „Делфина турс“ која ја откупи градежната парцела за изгардба на објектот.

 

Извор:МИА