Спорниот микс од зеленчуци повлечен од продажба, Агенцијата за храна издаде забрана за промет – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/21 11:24 AM

Спорниот микс од зеленчуци повлечен од продажба, Агенцијата за храна издаде забрана за промет

Поради сомнеж за физичка контаминација (присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс по потекло од Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забеана за проме на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите низ маркетите на КАМ од цела територија на државата.

„Издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверки на секоја серија/лот од овој производ, во сите маркети каде е пласиран овој производ, на територијата на  цела држава“, се вели во соопштението.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николе Бабовски потенцира дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување.

„Агенцијата за храна и ветеринарство  ги известува потрошувачите доколку купиле ваков производ, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат и доколку утврдат присуство на страни тела, истиот производ да го вратат на местото на купување и за тоа да  ја известат АХВ“, велат од Агенцијата и апелираат ваквите случаи место на социјалните мрежи да се пријавуваат кај надлежните институции.

извор: Twitter