Роботот Софија, креација на Хансон Роботикс, кој може да зборува, да се шегува, да пее, да препознава луѓе, па дури и да создава уметнички дела, предизвика бура во светот на уметноста кога дигиталното дело што го создаде го продаде на аукција за неверојатни 700 000 долари, или 688.888 УСД да бидат точни, но во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).
Станува збор за дигитално дело што Софија го создаде по соработката со италијанскиот сликар Андреа Бонацет. Делото е, всушност, дигитален видео клип кој трае 12 секунди и покажува како портретот на Бонацет еволуира во дигиталната слика на Софија.
Како што е најавено, Софија ќе продолжи да „слика“, а следниот чекор во кариерата би можела да го направи во светот на музиката. Таа веќе работи на создавање на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари на пишување музика и текстови.
Преземено од: https://www.republika.rs/
Фотографија: Tanjug/F. KRAINČANIĆ