Патнички траект се судри со товарен брод и потонаa во реката Шиталакши, јужно од главниот град на Бангладеш, Дака.
Локалните власти за Ројтерс потврдија дека најмалку пет лица загинаа во несреќата и дека голем број патници се водат како исчезнати.
– Во тек е операција за спасување – рече претставникот на полицијата и додаде дека некои патници успеале да пливаат до брегот.
Bangladesh ferry sinks, five dead, many missing https://t.co/PdGtEu6Awv pic.twitter.com/t38vWlVWUj
— Retweet News 2019 (@retweetnews2019) April 5, 2021
Фериботот бил полн со луѓе кои се враќаа во своите домови откако владата објави дека од денес ќе стапи на сила „заклучување“, со цел да се спречи ширењето на вирусот корона.
Во неделата, беше потврдено дека е забележан рекорден дневен број на новоинфицирани случаи со 7.087 случаи во Бангладеш, вкупно 637.364 од почетокот на пандемијата и вкупно 9.266 смртни случаи кај пациенти со Ковид 19.
Преземено од: https://informer.rs/
Фотографија: AP