Полицијата на југот на Франција уапси четири жени и една девојка како дел од антитерористичката истрага и основано сомнение дека се подготвува терористички напад врз градот Монпелје.
Полицијата во регионот Херол синоќа ги потврди апсењата во градот Безиер и денес објави дека истрагата ја презеле француската разузнавачка служба ДГСИ и националното антитерористичко обвинителство, пренесува АП.
Според градоначалникот Безиер Ребер Менар, во фокусот на истрагата било апсењето на 18-годишна жена која живее во социјален стан во населба за имигранти која е субвенционирана од државата, поради основано сомнение дека таа планирал напад врз соседниот Монпелје.
Нејзината мајка и трите сестри биле уапсени со неа, од кои едната е малолетничка, а соседите потврдиле дека осомничениот се пофалил дека гледал видеа од Исламската држава, изјави градоначалникот Менар.
Преземено од: https://www.blic.rs/