Четириесет и петгодишниот Б.В. утринава почина по повреди здобиени во фабриката за заварени цевки и профили „ФЗЦ“.
Несреќата се случила откако, работникот пренесувајќи работен алат бил погоден во градите од метално парче кое се откинало.
Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи несреќата се случила утринава околу 8 часот, а кумановецот починал на пат кон болница.
Увидот е во тек и се преземаат мреки за целосно расчистување на случајот.