Товарен воз прегази човек во Велес – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/21 11:42 AM

Товарен воз прегази човек во Велес

Товарен воз прегази човек  во Велес, кој сообраќал на железничката линија Скопје – Гевгелија. Според информации на „Дума.мк“, како што и тие велат непотврдени информации човекот стоел на железничката пруга под комплексот на згради „Чешел“, во центарот на Велес во близина на мостот „Ѓемиџии“.Тој не се тргнал кога машиновозачот, штом го забележал, ја вклучил сирената и почнал да кочи.

Засега нема информации на која возраст бил човекот, ниту пак точата причина за овој не мил настан. Увидна екипа од СВР Велес е на терен, а железничкиот сообраќај во моментов е во прекин.