Досега немаше проценка од Комсијата за заразни болести дека треба да се зголеми полицискиот час во наредниот период, вели Спасовски – ММС
ММС

Објавено на: 04/3/21 10:44 AM

Досега немаше проценка од Комсијата за заразни болести дека треба да се зголеми полицискиот час во наредниот период, вели Спасовски

Во моментов имаме полициски час, односно забрана за движење од 22 часот до 5 часот наутро. Овие аспекти на потребата ги разгледува Комисијата за заразни болести, тие потоа доаѓаат на Главниот координативен кризен штаб, потоа одат на Влада, појасни министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Стадион“ на новинарско прашање за зголемување на времетраењето на полицискиот час.

„Досега немаше проценка од Комсијата за заразни болести дека треба да се зголеми полицискиот час во наредниот период, затоа што сметаат дека нема да добиеме ефект во намалување на бројот на заболени, меѓутоа доколку се процени во наредниот период дека има потреба тогаш секако дека ќе се донесе“, вели Спасовски.

„Јас секогаш сметам дека во комбинација со одредени мерки, па дури и заострување на одредени мерки може да дојдеме до запирање на ширењето на вирусот, меѓутоа тоа е мое лаечко мислење, јас не сум стручен и компетентен во тој дел. Во целост ги поддржувам одлуките кои што ги носи Комисијата за заразни болести“, вели министерот.