Во Велес денеска ќе почне изградбата на новиот градски пазар што ќе се протега на површина од 4171.93м2 од кои 2218.72 м2 се наменети за продажба на производи.
На стартот на работите предвидено е да присуствува и да се обрати премиерот Зоран Заев.
На настанот ќе присуствуваат и Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес, Љупчо Николовски, заменик-претседател за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален развој и Ненад Коциќ, пратеник во Собранието, соопшти влаидната прес-служба.